Често поставувани прашања

1. Кога и каде се одржува Prespa Run & Fun?

Настанот се одржува во Преспа, поточно во Претор–Крани, со стартно-финишна зона покрај езерото. Точната локација и временскиот план ќе бидат објавени на веб-сајтот и на социјалните мрежи.

Дознај повеќе за Преспа и зошто вреди да ја посетиш.

2. Какви трки има?

Ќе има трки од 5 km и 10 km, погодни и за рекреативци и за поискусни тркачи.

3. Можам ли да ја видам трасата и висинскиот профил?

Да! Трасата е детално обележана и достапна во GPX формат. Патеката оди помеѓу планините Баба и Галичица, покрај Преспанското Езеро, од Претор до Крани. Висинскиот профил и интерактивната мапа се достапни на страницата Prespa Run.

4. Какви активности има на Prespa Fun?

Prespa Fun нуди целосно искуство покрај езерото! Уживај во кампинг зона со музичка програма, фуд-корт со локални специјалитети, водени активности (кајаци, SUP), јога, релаксација и забава. Целата програма и детали за кампувањето ќе бидат достапни на страницата Prespa Fun.

3. Како можам да се пријавам?

Пријавувањето се врши преку онлајн формулар на веб-страницата. Потребна е уплата за потврда на регистрацијата.

4. Дали има ограничен број на учесници?

Да, бројот на учесници е ограничен. Пријавувањето се затвора кога ќе се пополнат сите места.

5. Како се мери времето?

Времето се мери со електронско мерење (chip timing) за точни резултати.

6. Дали можам да трчам ако сум почетник?

Апсолутно! Настанот е отворен за учесници од сите нивоа.

7. Што е Prespa Fun?

Prespa Fun е забавниот дел од настанот и вклучува фуд-корт, кампинг зона, јога, водени активности (кајаци, SUP), спортски игри и музика од артисти и диџеи.

8. Дали е дозволено кампување?

Да! Обезбедена е организирана кампинг зона.

9. Каде можам да ги видам резултатите?

Резултатите ќе бидат објавени онлајн веднаш по завршувањето на трката.

10. Дали може да се пријавиме како тим?

Да, можна е и тимска пријава. За повеќе детали проверете ги општите правила и услови за учество.

11. Дали постои ограничување во однос на возраста?

На трката од 5 километри може да учествуваат сите, додека на трката од 10 километри учеството е дозволено само за лица над 14 години. За повеќе детали проверете ги општите правила и услови за учество.

Имаш друго прашање?

Контактирај нè на [email protected] или преку социјалните мрежи.